ГРУЕВСКИ ЗА ПОПИСОТ: Стандардите на Еуростат и изреката ,,трипати мери еднаш сечи“ се најважните работи
Eкс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија каде доби политички азил, се огласи на Фејсбук за пописот.
„Принципот на ,,четири очи“, највисока досега транспаретност, инклузивност и технологија, стандардите на Еуростат и изреката ,,трипати мери еднаш сечи“ се најважните работи кои треба да се имаат на ум кога станува збор за спроведување на следниот попис во Македонија. Државните пред партиските и личните интереси. Само чесен приод и чесни намери на сите учесници може да резултира со успех, но и силен надзор и контрола. Секое одбегнување надзор и контрола од организаторот ќе внесе сомнеж и недоверба уште во рана фаза. Само кристално ,,чист“ попис може да е успешен и признаен од сите. Искуствата од минатото, од пред седум и пол години треба да се водилка кон одбегнување на истите проблеми, за проблемите да не се повторат. Луѓето го спроведуваат пописот. Нивниот интегритет, чесност и независност, пред сè. Заради уставните одредби кои произлегоа од Охридскиот рамковен договор, во Македонија освен статистичка операција, има и сериозна политичка важност“, напиша Груевски кој е во Будимпешта.

Партијата побара да нема попишување на матични броеви на пописот во 2020 откако најави можно бојкотирање на статистичката операција доколку предлог-законот кој од Владата влезе во Собранието биде донесен по скратена постапка.
