Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за „Плацеви на Водно“: Не разбирам за што ме гонат, кога самиот нивен главен сведок кажал дека пари не добил од мене

Груевски за „Плацеви на Водно“:  Не разбирам за што ме гонат, кога самиот нивен главен сведок кажал дека пари не добил од мене

Eкс премиерот Никола Груевски даде свое видување за вчерашното сведочење за случајот „Плацеви на Водно“. 

Тој е во Унгарија каде доби политички азил, но на Фејсбук објави дека тоа според него е конструиран предмет по нарачка. 


„Од досегашните сведочења и изнесени наводни “докази”, веќе се виде дека обвинителството турка на сила еден политички монтиран процес, празен со докази, па денешните изјави се само продолжение и нови очигледни аргументи во тој правец.

Денес прва сведочела поранешната сопственичка на станот бр.16 во зградата каде живеев - Бисерка Јовковска Ќаева, за кој стан не знам зошто воопшто се води постапка против мене, бидејќи покрај другото самиот сведок на обвинителството Александар Ивановски, уште пред една година давајќи изјава во обвинителството, исто како и за земјиштето од 2.700 метри квадратни на Водно, самиот кажал дека ги купил со сопствени пари дадени како позајмица на фирма регистрирана на име на неговата секретарка Татјана Стојановска. Тој додал дека никогаш никој не му дал пари за нив, иако наводно наведува трето лице кое му рекло дека јас сум сакал да ги купам, и дека понатаму ќе се средело за плаќање и преземање, но не се средило ништо, па станот и земјата, според самиот Ивановски, си останале де факто негова сопственост, а де јуре сопстевност на неговата секретарка. Патем речено трето лице на кое тој се повикува, негираше дека такво нешто побарало од Александар Ивановски. Оттука, не разбирам за каков купен од мене имот и перење пари ме гонат, односно за што ме гонат, кога самиот нивен главен сведок кажал дека пари не добил ни од мене, ни од никој, а имот е негов и сега. Како и да е, денес уште еднаш се видела целата пародија на овој случај, односно целото политичко режирање преку притисок на сведоците. Денес, според она што дознав, Бисерка Јовковска Ќаева дала, односно веројатно била принудена да даде, целосно различна изјава од онаа која ја дала и ја потпишала како записник во јавното обвинителство пред околу една година, за купопродажба направена пред цели 12 години. Згора на тоа, таа дала и контрадикторни изјави на поставените прашања, спротивни и од денешниот нејзин првичен исказ“, пишува Груевскуи во својот обемен статус на Фејсбук. 

Инаку, секретарката во фирмата на Александар Ивановски -Теранова, Татјана Стојановска, денеска во судница изјави дека според имотните листови таму има два стана – еден на нејзино име, а еден на фирмата – но во суштина, тие не се нивни сопственици. Кажа дека тие станови се на екс премиерот Никола Груевски. 

Слично

Поврзани вести