Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски за Нова година таму каде што е најсигурен - Економијата да расте

Груевски за Нова година таму каде што е најсигурен - Економијата да расте

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во новогодишната честитка до граѓаните на Република Македонија, се осврна на економијата, терен каде смета дека е најсугурен бидејќи токму тие мерки му донесоа и најголема популарност.

- Таа работа и таа посветеност не донесоа на ранг листата која еднаш годишно ја објавува Светската банка на 5тото место во Европа и 10то во светот според  добрите услови за правење бизнис. Ова, заедно со фактот дека сме земја со најниски даноци во светот, и земја која изгради сериозни капацитети и систем за привлекување и поддршка за инвеститорите, а со тоа и нови работни места, како и постепено зголемување на економскиот стандард, сето ова е голем капитал, кој веќе се материјализира со голем број странски инвестиции, но и многу домашни кои или се прошируваат или започнаа нови активности, рече Груевски во своето обраќање.

Секако ако ја немавме политичката криза, додаде тој, на овој план можеше да се направи и многу повеќе, но би рекол во дадените околности се извлече максимумот.

- На сите нас, и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017тата. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред. Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори, и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, подвлече Груевски.

Следната влада треба да се фокусира на намалување на невработеноста и раст на економијата, смета Груевски.


Слично

Поврзани вести