ГРУЕВСКИ ЗА „БЛИЦ“: Фрлената искра во една земја може да запали оган и во останатите
Фрлената искра во една земја може да запали оган и во останатите, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за српски „Блиц“.
Според него, Балканот е средиште на многу интереси, регионални и глобални.
Груевски вели дека има големи тензии во повеќе земји во регионот.
„Би било наивно да се исклучи било какво сценарио, но на нас е да не дозволиме оваа ситуација да ескалира“ - вели тој.

За Македонија, Груевски вели дека ќе стане бинационална држава со два официјални јазици. Останатите етнички заедници кои се дел од богатството на сегашна мултиетничка Македонија ќе бидат фрлени во втор план.
„Постепено ќе започне процесот на кантонизација или федерализација кој ќе ја разбие унитарноста на земјата. Албанските партии не отстапуваат од условот македонските банкноти да станат двојазични, како и униформите на безбедносните сили. Ќе започне дебата за химната, грбот и знамето која порано или подоцна ќе резултира со нивна промена. За сега тоа го нарекуваат дебата бидејќи немаат двотретинско мнозинство за да ги променат. Да го имаат, тие одамна би биле сменети“- вели Груевски во интервјуто за „Блиц“.
Груевски обвини дека Сорос го поткупил целиот невадин сектор.
Во интервјуто додава дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе добие поддршка од нив ако ја отфрли платформата од Тирана. Заев уште и го нарекува константен лажго.
