Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ВО СЈО: Предистражна постапка за земена провизија

ГРУЕВСКИ ВО СЈО:  Предистражна постапка за земена провизија

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, по заминувањето на  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од СЈО изјави дека се врши предистражна постапка поврзана со финансии која се однесува на земена провизија.

Јанева вели дека Груевски е повикан во својство на сведок како и сите останати во предистражна постапка.

„Овој случај не е поврзан со други случаи“- рече Јанева.

Јанева  подоцна кажа и дека се работи за електрична енергија без да даде детали. 

Направено е вештачење на 2 разговори кои не се јавно објавени, се работи за разговори кои се водат во континуитет од две лица. 

Слично

Поврзани вести