Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски во Кратово вети нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе

Груевски во Кратово вети нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска во Кратово вети дека ќе се отвори нов рудник кој ќе понуди и нови работни места за кратовчани. 

Вели дека ќе продолжат да ја намалуваат невработеноста, така што во наредниот мандат ќе отворат 70.000 нови работни места. 

„Ќе се отвори и нов рудник кој ќе вработи над 300 луѓе. Значајна за градот е и изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 26 километри, во износ од 78 милиони евра, а предвидена и е изградба на втората фаза на хидро системот Злетовица“ - рече Груевски. 

Кажа дека многу работи се направени за градот и допрва ќе се прават. 

Груевски вели дека во Кратово се вработиле 990 лица повеќе отколку во 2006 година. Додава дека народот тоа го гледа, дека се направени многу мерки, проекти и други реформи  во полза на граѓаните. 

Слично

Поврзани вести