Груевски: Видливи нерегуларности во кампањата и на денот на изборите
Никола Груевски, предводникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако го оствари своето граѓанско право и гласаше истакна дека партијата забележала голем број на нерегуларности.
„Сакам да нотирам дека за целиот изминат период имаше видливи нерегуларности и незаконитости низ целиот период на кампањата, вклучително и денеска, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време“, рече Груевски.
За денешните избори порача дека посакува да бидат успешни и без проблеми и им се заблагодари на сите граѓани бидејќи ја заштитиле демократијата со својот глас.
„Се надевам на успешни избори, односно избори што ќе бидат најдобри за Република Македонија“, изјави Груевски.
Слично
