Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски вети инвестиции во Тиквешијата и казна за актуелната власт

Груевски вети инвестиции во Тиквешијата и казна за актуелната власт

Никола Груевски, предводникот на ВМРО-ДПМНЕ, на митинзите за локалните избори во Кавадарци и Неготино им даде поддршка на партиските кандидати за градоначалници Митко Јанчев и Златко Пенков. 

Потенцира дека тој заедно со градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на привлекување на инвеститор за изградба на фабрика за откупување на вишокот грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Во насока на континуирана поддршка на економскиот развој, според него, се планира и реконструкција на винската куќа во градскиот парк Кавадарци која ќе биде во функција на поддршка на развојот на лозарството, винарството и туризмот.

На кавадарчани им порача дека никој нема да може да го спречи народот да излезе како на референдум да стави крај на, како што рече, ова помрачување од последните четири месеци во Македонија и со тоа да започне новата ера.

Груевски смета дека граѓаните се незадоволни од новата влада и затоа уште сега ќе гласаат против СДСМ што ќе биде најава за нови избори потоа.

– Доаѓа нова ера, време е да им го испорачаме одговорот за сите штетни политики и за уривањето на институциите, како и за сите блокирани проекти. Народот ќе ги симне од власт и тоа ќе започне на 15 октомври и ќе заврши многу брзо со нови парламентарни избори, рече Груевски.

Нагласи дека Неготино е тиквешки крај и дека актуелната власт заборавила на земјоделците. Потсети на сите реализирани проекти во Неготинско од претходната влада. Најави нови проекти, меѓу кои и за донесување дополнителни количини вода за Неготино, инфраструктурни и комунални проекти, мини винарии и индустриски зони, мали и средни компании, образовни и спортски проекти, како и отворање дневен центар за деца со посебни потреби.


Слично

Поврзани вести