Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски вели дека се невини: СДСМ тврди дека тој стои зад протестот за слобода на уставобранителите

Груевски вели дека се невини: СДСМ тврди дека тој стои зад протестот за слобода на уставобранителите

Објавите на социјалните медиуми на осудениот бегалец во Будимпешта, Никола Груевски покажуваат дека зад утрешните протести за одбрана на насилството, зад обидите за државен удар, зад одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието, стои токму тој, велат од СДСМ денеска. За утре се најавени протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата за како што велат оттаму, поддршка на уставобранителите. 

„Откако му пропаднаа сите обиди да го одбрани криминалот, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен да ги извршува нарачките од неговиот ментор во бегство во Будимпешта. И покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научи лекцијата, не сфати дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, дека народот не дава доверба на политичари кои работат на штета на граѓаните и државата, стои во соопштението до СДСМ. 

Никола Груевски вчера во пост на фејсбук даде поддршка за протестите

„Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан. Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години. На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот, напиша Груевски. 



Слично

Поврзани вести