Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Вакви судења нема ни во Северна Кореја

Груевски: Вакви судења нема ни во Северна Кореја

Eкс премиерот  Никола Груевски, обвинет во случајот „Тенк“  изјави дека „во светот немало пример еден премиер да одговара зошто остварил корист и одреден број пати користел возило“.

Тој вели дека против него се води хајка. Тврди дека вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на дваесетиот век, ниту во турско, ниту во српско, ниту во бугарско, ни во комунистичко време. 

Ваквите судења, вели Груевски, се класично политичко УДБА-шко судење, какво што нема ниту во Северна Кореја.

„Обвинението е дека сум сакал да имам корист и сум се возел во возилото, а не во возило старо 20 години“- изјави Груевски. 

Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Груевски и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

„Бомбите“ се користат како доказ во овој случај.

Специјалното јавно обвинителство лани отвори истрага за случајот „Тенк“. 

Слично

Поврзани вести