Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Условите се идеални да се задолжиме со еврообврзница

Груевски: Условите се идеални да се задолжиме со еврообврзница
Македонија ќе се задолжи со еврообврзница, бидејќи условите на пазарот се идеални, потврди премиерот Никола Груевски. Тој вели дека утрово разговарал со министерот за финансии Зоран Ставрески, кој заедно со гувернерот Димитар Богов се во Лондон за да ги испитаат условите и интересот на пазарот за македонска еврообврзница. Тие веќе посетиле неколку банки и преговарале за каматата на новото задолжување. „Во овој момент не ни е нужно да издадеме еврообврзница, зашто рефинансирањето треба да го направиме на почетокот на следната година, но ценејќи дека условите на пазарот сега, споредено со минатите години, се идеални, а не можеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе бидат подобри, проценивме дека е вистинскиот момент да се повлече овој чекор и да се добие финансирање под најдобри можни услови, односно главно рефинансирање на претходен долг“, вели Груевски. Износот што ќе се позајмува на овој начин засега не се открива. Не се знае ни која е каматата за која што се преговара. Во соопштението од Министерството за финансии, пред заминувањето во Лондон, беше истакнато дека целта на издавањето на еврообврзницата ќе биде „финансирање на буџетските потреби за оваа и за следната година, како и исплата на достасани обврски и обврски кои ќе стасаат во наредниот период“.
Слично

Поврзани вести