Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски убеден: ќе победиме на изборите со значајна разлика

Груевски убеден: ќе победиме на изборите со значајна разлика

Сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика, рече денеска Груевски.

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски денеска изјави дека сите истражувања покажуваат дека ВМРО­ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември и тоа со значајна разлика. Груевски имаше обраќање на денешната средба со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје. Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши, и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.

- Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Македонските граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Тоа беше потврдено на сите избори изминатите десет години. Сега ни претстојат избори на 11 декември, а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика, рече Груевски.

Кризата треба да е привремена не смее да трае премногу долго. Долгите кризи се лоши за секоја држава и за секое општество, а во секоја демократија народот е тој кој што треба да се остави да одлучи кому ќе му ја даде довербата и поддршката. Одлуката на народот треба да се почитува. Треба да најдеме излез од нашата криза, а решението за оваа политичка криза се претстојните избори на 11 декември, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести