Груевски тврди дека со судењата се дефокусира јавноста од разговорите за името
Поранешниот премиер Никола Груевски по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник“ изјави дека судењата против него се со цел за да ги стават во сенка преговорите за името.
„Денеска на медиумите прва вест е судењето за „Титаник“, а дури по неа е веста за преговорите за името. Додека денеска течеше судското рочиште во Охрид се одржуваат преговори за името, а на претходното рочиште за случајот „Титаник“ во исто време се одржуваа преговори за името во Виена. Па, сега вие заклучете што е намерата“ – рече Груевски.
Груевски рече дека СДСМ откако е дојдена на власт за своето неработење и безидејност се „вади“ на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека тоа време ќе помине.
Слично
