Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски тврди дека биле испечатени паралелни гласачки ливчиња

Груевски тврди дека биле испечатени паралелни гласачки ливчиња

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва во интервју за Алфа ТВ вели дека нивни кандидати за градоначалници се следени, дека имало закани и дека се нуделе пари на гласачи. 

Тој обвинува дека се испечатени паралелни гласачки ливчиња. Според него, најдени биле ливчиња со ист сериски број. 

„Имаше недостаток на ливчиња и ДИК не реагира. Има работи што може да се пријават, но има и работи кои не можат да се документираат. Човекот ни кажува, но ни вели „се плашам работа ќе изгубам, немојте да ме кажете“- вели Груевски. 

Тврди дека гласачки ливчиња од една се наоѓани во кутии во друга општина. 

Според Груевски, овие избори биле организирани како во Африка. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на некого му одговарало СДСМ да победи и да решава за важни прашања за Македонија. 

Слично

Поврзани вести