Груевски: Тодоров не е виновен за смртта на Тамара, атентатот беше поттикнат
Никола Груевски во вчерашното интервју за „Алфа“ меѓу другото говореше и за обидот за атентат на Никола Тодоров кој е поттикнат од голем број на долгогодишни критичари, а смета и дека екс министерот за здравство немал вина во случајот на смрттана малата Тамара од Велес бидејќи таа не била навремено третирана за бронхопневмонија.
- Во времето на смртта на Тамара, како претседател на Владата направив сопствена истрага. Од она што го добив на крајот испадна дека девојчето починало од бронхопневмонија, а не од болеста од која беше оперирана. Тоа чекаше операција за друга болест. Девојчето со бронхопневмонијата не било третирано соодветно, не било на лекар. Според информациите кои тогаш ги добив, тоа било лекувано со домашни лекови и за жал починало. Потоа Тодоров беше обвинет дека е виновен за смртта. Тоа беше направено со политичка цел, а не за девојчето, за жал, изјави Груевски.
Тој потенцираше дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарекувале како криминалци, монструми, убијци и кога толку години се гради една таква атмосфера со нереални, лажни и невистинити работи само да му послужи на СДСМ за да се гледаат членовите на ВМРО со омраза, тогаш природно е после толку силна кампања против ВМРО да се случи вакво нешто.
- Ние вчера имавме сторител на атентатот но има и потикнувачи, одоговорност мора да има за оние кои што го нарекуваа Тодоров убиец и министер за смрт, јас жалам за девојчето и јас сум родител знам како е да вашето дете да е болно, но да обвиниш некој за смрт на тоа дете, а притоа да не е така е огромна грешка, рече Груевски.
Инаку семејството Димови уште кога ги доби првите обвинување за недоволна грижа жестоко ги одби ваквите тврдења и посочи дека три години чекале одобрување за третман но, состојбите се комплицирале.За жал оваа трагична смрт и по две години сеуште предизвикува бура од реакции.
