Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски стигна на интерпелација: Срамота е да се фалите со нови инвестиции

Груевски стигна на интерпелација: Срамота е да се фалите со нови инвестиции

Екс премиерот Никола Груевски по завршените судски рочишта успеа да стигне на денешната седница за интерпелација на Владата при што своите главни критики ги упати за новата економска политика со која нема никакви видливи резултати, ниту пак нови странски инвестиции.

Груевски, како опозициски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е срамота новата влада да се фали со странски инвестиции кои сега ги нема, а и тие што биле договорени од страна на претходната влада не се реализирани.

Тој вели дека како премиер со владата на ВМРО-ДПМНЕ придонеле многу за домашните компании со повеќе проекти како регулаторната гилотина со што се намалиле административните трошоци и непотребните процедури во институциите.

Груевски вели и дека е скандал начинот на кој се водат преговорите за името со Грција. 

Слично

Поврзани вести