ГРУЕВСКИ СО СУГЕСТИИ ДО ВЛАДАТА КАКО ДА ГО РЕШИ ЗАГАДУВАЊЕТО: „Само сакам да го кажам моето мислење“
Го има па го нема. Екс премиерот Никола Груевски повремено се огласува на социјалните мрежи. Овој пат тој одлучи да даде сугестии до владата на Мицкоски за тоа како да го реши загадувањето.
„
Метро, трамвај, Гасни централи, централи на отпад (ѓубре), парно греење насекаде, обновливи извори, вештачка интелегенција, роботика, автоматока…
Текстот е тематски и посодржаен, па оние кои не ги интересира оваа тема, најдобро е тука да запрат со читањето.
Локалните избори во Македонија поминаа. Познато е дека ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери имаше убедлива победа во Скопје и низ речиси сите општини во Македонија каде е доминантно неалбанското население. Владејачката ВРЕДИ исто така завладеа во многу значајни општини со мнозинско албанско население.
Таквите ситуации, кога една партија ја има централната и најголем дел од локалната власт во Скопје и најголем дел низ земјата во исто време, создаваат една извонредна и ретка можност за реализација на многу крупни проекти без намерни опструкции и одолговлекување заради политички мотиви, што не секогаш, но често во демократиите се случува.
Две клучни значајни области во ова време се енергетиката и екологијата, особено во делот на чист воздух, тема која во овој период од годината станува актуелна. И секако економијста и животниот стандард.
Денес е друго време низ Европа, а така треба да е и во Македонија, и живееме во ера на енергетика, екологија, вештачката интелегенција, со надоаѓачкиот бран на роботика и автоматока, cyber безбедност и во годината кога помасовно започна огромно забрзување на вештачката интелегенција со огромните можности на квантната технолгија, која израсна од теоретската дисциплина на квантаната физика, а сега веќе ветува да ги трансформира темелите на пресметувањето, комуникацијата, медицината и безбедноста. Квантната технологија како акцелератор на вештачката интелегенција, претставува една од најзначајните трансформации во историјата на човештвото што може да обезбеди синергија што ќе го револуционизира не само пресметувањето, туку и самата наука, медицина, финансии, пресметување и пренос на податоци и низа други полиња.
Меѓу поглавните причини кои го нарушија животниот стандард во Европа се 1.цените на енергијата после санкциите кон Русија кои Европа ја направија ценовно помалку конкурентна, 2.огромната ценовна, технолошка и иновативна конкуренција од Кина која веќе не е привремена, туку е причинител на фундаментална криза особено во Германија како најразвиена индустриска земја во Европа, 3. за некои европски држави голем проблем се и наметнатите царински тарифи од САД кон нив и генерално кон ЕУ, 4. огромните трошоци на финаисрањето на војната во Украина, 5. ембаргото кон Русија, кое има последици и во земјите на ЕУ кои го воведоа, а на кои во некои сектори Русија им беше голем пазар претходно, како и двострано зголемените царински тарифи и бариери со Кина, 6. целата безбедносна неизвесност која произлегува од таа криза која Европа ја втурна во итна подготовка за војна, 7. Неконтролираниот прилив на нелегалните мигранти повеќе од една деценија чии дел ја нарушија безбедноста во земјите на ЕУ и вградија дел од своите работни навики и култура во системи кои претходно перфектно функционираа, но за жал веќе не е така, како Германија на пример, како и неколку други фактори. Така, во економската локомотива на Европа, Германија, веќе економски проблем број еден е невработеноста, а според анкета на комората околу 2/3 од компаниите размислуваат за пренос на производството надвор од Германија. И тоа не е случај само во Германија.
Логично е првата дестинација каде трошоците за производство се далеку пониски да е Балканот.
Колку Македонија ќе привлече од оние кои и така заради тешката состојба со високите трошоци и други царински или не царински бариери одлучиле да ја напуштат нивната држава и да бараат нова поповолна локација, најмногу ќе зависи од ангажманот на тоа поле на лица кои би биле задолжени и посветени на тоа од страна на државата.
Ако владата која ја предводев во 2013 и 2014 година во комитетот за здравје и животна средина заедно со голем број надворешни експери ги правевме анализите за тоа од каде и колку потекнува загаденоста на воздухот на Скопје, која во тие години веќе сериозно нарасна и природно стана тема во општеството, сега веќе сѐ е познато и потребна е акција која верувам дека никој нема да ја опструира. Ако сепак некој се обиде тоа може да биде само на негова штета. Резултатите уште тогаш покажа, а потоа тоа се потврди, дека убедливо најголем фактор за загадувањето е греењето со матерјал кој многу загадува, кој во вкупното загадување учествува со околу 65-70%. Втора причина чинам беше загадувањето од издувните гасови на возилата со околу 20%, и преостанатото пропаѓаше на индустријата, околу 10-15%. Сепак, ова последното треба да се земе со резерва, заради непропорционалната финасиска моќ на потенцијалните загадувачи, над оние кои е се задолжени да го мерат загадувањето односно да управуваат сонтехниката за тоа, или со други зборови, треба да се направи уште една проверка во тој дел, која ќе исклучи секаква можност од финасиско-коруптивно влијание на загадувачите врз преставниците на државните институции, инспектори и слично. Со ова не претендирам да кажам дека некој некого корумпирал, но нема да биде погрешно доколку во овој дел се направи уште едно независно, и по можност тивко мерење, исклучувајќи секаква можност за надворешни влијанија од потенцијалните загадувачи.
Познато е дека во Скопје главниот извор на загадување не се централните општини, бидејки се опфатени со топлотната мрежа за греење. Главни загадувачи на градот се општините што се во опкружувањето и особено оние домаќинства кои заради поголема сиромаштија се принудени да користат сѐ и сешто како енергенс за греење, а голем дел од нив живеат во импровизирани живеалишта, диви населби и слично.
Затоа и решавањето на овој проблем покрај развојот и изградбата на топлинската дистрибутивна мрежа треба да има и една социјална компонента.
Почнувајки од општина Сарај, преку Ѓорче Петров, дел од Карпош и од Водно, кои не се дел од градската мрежа за парно греење,Шуто Оризари, Чаир, Гази Баба, Лисиче, Драчево... сите треба да добијат парно греење по достапна цена.
Затоа, како што кажав, во решавање на овој проблем треба да се направи и посебен социо-економски проект за ранливиге категории на граѓани, вклучително и за најранлиците како овие што ги опишав.
Многу главни градови во Европа имаат направено и спроведено планови и програми како да се реши овој проблем, бидејќи некогаш и тие се соочувале со истиот проблем.
На пример во многу главни или големи градови како Мадрид, Лондон, Рим, Милано и други им биле понудувани можности за дислокација на лица кои живееле во импровизирани и диви живеалишта во центарот или блиску до него. Преку социјална програма им се давале можности за работа и живеење во населени места во државата каде има сериозен недостаток на работници.
На Скопје му е потребен пет годишен план за 0% согорување на штетни и отровни материи (Лондон во 60тите години ова го имплементираше, Мадрид во 90тите).
Усје треба веднаш да се обврзе да користи само гас како енергенс, како и другите фабрики за кои се овозможени услови за тоа. И тука компромиси не треба да нема. Како што ние не направивме компромиси за сите капацитети од големите загадувачи на кои со закон како политичка гарнитура им наложивме да стават филтри до 2014 година, иако бараа да се одложи таа мерка. Речиси секој во бизнисот ако нема услови и не е правно регулирано, воден од желбата за повисок профит, користи тоа што е најевтино како енергенс, без голема грижа за здравјето на луѓето и околината.
На среден рок треба да се дислоцира надвор од градот, за што владата треба да започне преговори со сопствениците, да постигне договор за тоа и да донесе среднорочен план за дислокација со утврдени рокови и обврски.
(ПОПУЛАРНО НАРЕЧЕНО ГАСИФИКАЦИЈА, СО ПРИМАРНИТЕ, СЕКУНДАРНИТЕ И ТЕРЦИЈАЛНУТЕ ГАСОВОДНИ ПОВРЗУВАЊА)
После тоа целосно го изгадивме системот за пренос на гас од Штип до Неготино/ Кавадарци.
Веднаш потоа ја започнавме градбата, и во изградба ги оставивме на нашите наследници примарните гасоводи Скопје-Тетово-Гостивар и Неготино-Прилеп-Битола, како прва фаза од гасификацијата.
Но ниту еден од новоизградените системи за пренос на гас сеуште не е во функција бидејќи власта на СДСМ која не наследи во владата како марионетско поставена власт во тоа време, иако ги продолжи со мошне бавно темпо, освен што не ги доврши од нас започнатите системи за пренос на гас, туку за првите два кои ги завршивме во мандатот кога ја предводев владата на Република Македонија, и оној систем за пренос на гас кој веќе беше претходно изграден до Скопје, од за мене не разбирливи причини не спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на гас (популарно наречен секундарна и терцијлна гасификација) за веќе изградените системи за пренос на гас.
Иако оставивме целосно подготвена документација за јавен повик за изнаоѓање концесионер за градба на систем за дистрибуција на гас, кој заради предвремените избори и законите кои налагаа да се воздржиме додека тие се завршат, не ги објавивме.
Треба веднаш да се пристапи кон градба на секундарна гасификација, односно дистрибутивен систем на гас (градба на гасоводни цевки од преносниот систем (примарниот гасовод) кој поминува во близина на градот, до одрени пунктови внатре во градовите и разгранета мрежа низ градовите) и тецијални гасоводи кои гасот од улиците ќе го донесат до домовите и фабриките. Секундарната и терцијлната можеби треба да се спојат во една фаза како систем за дистрибуција на гас, која во овој текст ќе ј нарекувам “дистрибуција”.
Ова затоа што изградбата на системите за дистрибуцијата на гас (секундарната гасификација) би се финансирале од кредит кој би го земало државно претпријатие без државна гаранција, затоа што издавањето државна гаранција би ја стеснила моќта односно просторот за натамошно задолжување за други значајни проекти.
Станува збор за исплатливи, профитабилни проекти кои сами преку своето работење ќе го вратат земениот кредит.
Евентуално би можело терцијалната гасификација како дел од дистрибутивниот систем на гас, да се даде на концесија на приватна компанија, доколку државта одбере дека е подобро да го намали притисокот врз себе при наплата на сметките за гас, без кои системот нема да може да опстои.
Но, доколку одлучи државата може сѐ да задржи како државна сопственост и државна инвестиција на државно претпријатие. Може да се примени и систем на ЈПП или SPV, наменски компании за одреден проект.
Втора опција ќе биде, по исплатата на кредитот, државата да се откаже од профитите, но цените на струјата, парното и гасот за граѓаните и компаниите значајно да се намалат, или можеби некоја умерена средина на двете можности, односно да лавира помеѓу средства за нови инвестиции и одржување од една страна и од друга страна еден вид подршка на економските субјекти преку поевтин гас со цел да обезбедат покункурентен производ и грижа за социјална димензија со домаќинствата.
Така, Македонија од “слепо црево” на Балканот во однос на преносот на гас, може да се трансформира во балкански хаб за пренос и дистрибуција, како и тргување на гас кон соседните држави, особено кон Косово, Албанија и јужна Србија.
На пример гасната централа во Штип би обезбедила топлина и за Свети Николе и Карбинци и околните општини. Гасната централа во Битола би обезбедила топлина за греење и за околните општини како Новаци и Могила, кумановската за Ранковце, една гасна централа би била и за Охрид, Струга и Дебарца итн.
Селата во основа не се толку многу загрозени со загадување на воздухот заради греење на мал број жители, кое греење какво и да е не е доволно за да значително го загади воздухот. Затоа загадувањата се најголеми во поголемите и најголемите градови.
Но, затоа пак овој проект е многу значаен за селата со развиено или потенцијал за развој на земјоделство, бидејќи топлината од гасните централи би била многу важна за многу евтино загревање на постоечки и многу идни оранжерии, што може да доведе до голем развој и извоз на оранжериското производство.
Всушност уште во самиот оглас и во договорот за давање концесија, независно дали тоа ќе е државна или приватна гасна централа, државата треба да определи или некоја симболична цена на остапување на таа испуштена топлина, или целосно бесплатно остапување на топлината, која неизбежно се создава при производството на електрична енергија во когенеративните електрични централи кои како основна суровина го користат гасот.
Профитот за сопствениците во тие централи произлегува главно од продажбата на струјата.
Тоа не значи дека парното греење ќе биде бесплатно за крајните корисници, бидејќи треба да се обезбедат средства за одржување и сервисирање на топлинското загревање, но би било со доволно ниска цена за да има масовен одзив за прикличоци.
Се разбира, доколку државата е инвеститор најлогично е тоа да оди преку најголемиот производител на струја - ЕСМ.
Ако државата сака долгорочно да ја засили ликвидноста на некои други државни претпријатија со сродна дејност како преносоителот на електрична енергија АД МЕПСО, би можела да одреди една или неколку централи да ги изгради МЕПСО кој подоцна по исплата на кредитот од профитот би инвестирал во преносната мрежа на електрична енергија, или други државни компании со сродна дејност, како на пример државната компанија за гас - АД НОМАГАС, која од профитите по исплатата на кредитот ќе инвестира во развој на гасоводните мрежи.
Покрај ова когенеративните електроцентрали кои користат природен гас како суровина имаат производствен процес кој е стабилен и континуиран кој дава стабилност на електроенергетскиот систем.
Исто така ќе можат да се користат како секундарна и терциерна резерва во електропреносниот систем. Додека пак фотоволтаичните електроцентрали и ветрените електроцентрали немаат стабилен процес на производство, односно произведуваат електрична енергија кога има сонце и кога дува ветер, а исто така делуваат на квалитетот на електричната енергија и ги зголемуваат техничките загуби во електропреносната/електродистрибутивната мрежа.
За електроенергетскиот систем на Македонија оваа идеја ќе беше одлични да се почнеше пред почетокот на големата “инвазија” од фотонапонските електоцентрали. “Инвазијата” на изградба започна со енергетската криза во 2021 година, а кризата беше искористена истите да се доделат на нетранспарентен и коруптивно начин на фирми кои минатата власт на СДСМ сакаше да ги фаворизира. Моментално, според информациите во дистрибутивната мрежа има приклучено 1.200 MW фотоволтаични електрцентрали, а на епектропреносната мрежа официјално 160 MW, а неофицијално 180 MW, а има планирано уште многу. Постигнато врвно оптоварување во електренергетскиот систем е во месец јануари за време на празниците и изнесува околу 1.200 MW.
АД МЕПСО како оператор на електропреносната мрежа има големи проблеми со управувањето од големиот инсталиран капацитет кои се приклучени на електродистрибутивната мрежа а не може да ги исклучи бидејќи не ги гледа во нивниот диспечерски центар. Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје во одредени периоди предава произведена електрична енергија и се појавува во улога на производител а не на дистрибутер на електрична енергија. За жал тоа е реалноста со енергетиката во моментот, пред се заради лошата и коруптивно политика на претходната власт која размислуваше краткорочно, а не долгорочно.
Waste to Energy Технологија каде не останува никаков отпад
Во Европа веќе се минато долгогодишните депонии и загадувањето на почвата и подземните води од депониите со отпад, бидејќи целиот или речиси целиот отпад се користи за производство на струја. Така се добива повеќе произведена електрична енергија и истовремено се решава проблемот со регионалните депонии, кои колку и да се полнат, веднаш ќе се празнат бидејќи на тие централи отпадот им треба за да можат да работат, секако нивен интерес е да го приберат целиот отпад и да го употребат во производство на струја. Ако нема отпад, не можат да работат, не можат да произведуваат струја. Нема отпад-нема бизнис.
Целото или најголем дел од мешаниот отпад да се претвора во струја наместо со децении да се таложи во почвата и во подземните води и да ги загадува подземните води и почвата, од каде подоцна јадеме и пиеме вода.
После овие инвестици кои би можеле да се завршат за неколку години, и после изградбата на хидроцентралата Чебрен (и Галиште), недостаток и увоз на струја во Македонија нема да има подолг период, а ќе има струја за извоз. Снабдувањето ќе биде многу стабилно.
Ќе бидат потребни и додатни инвестиции во електро преносни системи.
Воздухот ќе стане многу почист, парно греење ќе има во поголем дел од градовите и државата по исплатата на кредитите ќе има големи профити кои може да ги инвестира во различни свери или решавање на проблеми, или пак да маневрира со подобрување на ценовната конкурентност на компаниите и совијалниот аспект на граѓаните.
Во ваква ситуација и со ваков пристап ХЕЦ Чебрен исто така треба може да биде државна инвестиција бидејќи ќе произведува т.н. “пикова енергија”, во голема мерка за извоз, која е со висока цена и заработка при продажбата и извозот.
На Македонија и е потребен и капацитети за складирање на гас, нешто што во основа треба да е државно, кое секогаш ќе чува резерви за неколку месеци во случај на прекин на дотокот на гас заради некоја виша сила. Таков нема, бидејќи досега користењето на гасот не е многу големо и значајно, а во време на претходниот систем во социјализмот воопшто го немало.
Огромна е потребата и од поитна и помасовна изградба на системи за складирање на електрична енергија во Македонија, кои најчесто се литиумските батерии, иако веќе излегуваат и многу иновации во тој дел, исто како во целокуоното производство и пренос на електрична енергија.
Се губат огромни средства заради немање системи за складирање и се доведува електоро енергетскиот систем во ризик.
Покарај индивидуалното градење на вакви системи од самите сопственици на електроцентралите кои произведуваат струја од сончевата енергија и од ветрот, кое треба да продолжи и да се стимулира, државата може многу лесно да привлече инвестиција на инвестициски фондови или на други инвеститори кои ќе изградат на повеќе локации такви системи со поголем капацитет и ќе се обврзат да го купуваат вишокот на произведена електрична енергија, кој кога е вишок е многу поевтин, а ќе тој вишок ќе го продаваат кога истата најмногу се бара на пазарот, обично во вечерните часови, односно кога вената на струјата на пазарот е многу повисока.
Се разбира, доколку обезбеди поволен кредит, државата би можела и сама да инвестира во вакви ситеми за складирање на електрична енергија.
Ги спомнав и електичните централи со турбини хидроген, кои се во значителен подем во светски рамки и кои не испоштаат СО2 или минимално испуштаат. Хидрогенот засега е сеуште многу скап за цената на електричната енергија на балканското поднебје, но долгорочно електроцентрали со турбини на хидроген се исплатливи и еколошки, работат на принцип складирање на електрична енергија на принцип на гас кога има вишок на електрична енергија во електродистрибутивните/електропреносните мрежи а потоа таа енергија можат да ја прдеадат како електрична кога има недостиг.
Потребна е транспарентна консултација со експерти и за можна градба на централа за производство на струја каде суровина е нуклеарна енергија.
Јасно е дека тоа е многу чувствутелно прашање и потребен е поширок општествен консензус и време, но претходно потребна е многу поголема информираност и едукација на граѓаните околу оваа материја.
Овие централи се многу скапи, се градат многу бавно, но доколкунтака се одлучи тие би се граделе, а може и да се управуваат, што значи и сервисираат и одржуваат од многу искусни во оваа дејност странски компании, но ова е тема која бара повеќе внатрешни консултации во општеството.
Не само низ Европа (без Германија која пред 15 тина години одлучи да ги затвори нуклеарните централи и денес има големи економски проблеми, меѓудругото и заради тоа), сега започнува тренд за изградба на поголеми или помали нуклеарни централи и на Балканот.
Малите нуклеарни централи стануваат исто така многу атрактивни.
Во регионот Хрватска планира изградба на уште најмалку една нуклеарна централа поголема од Кршко. Србија најави градба на нуклеарна централа. Унгарија гради втора нуклеарна централа итн.
Нуклеарната централа дава голема стабилност на системот, и пред неколку години, ЕУ заедно со гасот ја квалифицираше во т.н.”зелена енергија”. Унгарија на пример, која има една нуклеарна централа во Пакш, во моментот гради втора таква со ист капацитет.
Но, ова не е тема на овој текст.
Индустријата која учествува со 10% во загаденоста на воздухот не ја спомнувам бидејќи во тој дел владата само треба да ги применува во законите најновите еколошки стандарди во Европа, како обврска за загадувачките индустриски капацитети кои не се голем број. И секако вешто да се справува со можни лажирања на резултатите од мерењата.
Секој поголем главен град има комбинација на јавни превози, а не само еден. Со цел да се намали загадувањето на воздухот во делот на издувните гасови на автомобилите, на Скопје му е потребно метро, трамвај, БТР и неколку подземни сообраќајници кои ќе овозможат брз проток на возилата и со тоа ќе го намалат застојот на возилата, односно поголемото испуштање на издувни гасови стоејќи во место или движејќи се екстремно бавно. Такви 4 подземни сообраќајници беа предвидени и точно одредени како локации во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во 2016 година, но тогаш на Македонија и се наметна однадвор марионетска влада со други приоритети. Уште еден проект од овој корпус е проширувањето на градот Скопје кој веќе е многу густо населен, преку изградба (за почеток) на еден поголем патен и железнички тунел под ридот Водно, кој ќе отвори нов простор за ширење на Скопје без да се пренатрупуваа, за што поопширно пишував во една моја објава поврзана со изградба на тунели под Водно, објавена на 23 мај 2023 година. https://www.facebook.com/share/p/1GeuvV7j8E/?mibextid=wwXIfr
Изградбата на метро од Радишани до Сопиште на должина до барем два-три километри зад планината Водно, што значи вклучувајќи и премин под или во централниот тунел под Водно, и од Сарај до Горно/Долно Лисиче, Драчево и Пинтуја е несомнено скап проект, кој веројатно ќе чини околу 3 до 4 милијарди евра, но ќе донесе неверојатна промена во растеретување на сообраќајот во Скопје и многу ќе влијае на намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.
Понатаму, би било потребно време за спроведување на процедури за јавни набавки, цртање на проектите во сите фази, обезбедување стручни консултанти за вакви проекти и слично. Потоа, би било потребно веројатно околу три до три и поливина години градење на метрото.
Доколку инвеститор е државата, тоа буџетски гледано би значело дека инвестицијата за физичка изградба ќе се подели во четири буџетски години. Со обзир дека на Балканот скоро секогаш доцнат големите проекти заради повеќе причини, може слободно да се каже дека финансирањето би било во 5 или 6 буџетски години.
При планирање на метро, се зема во предвид пошироката урбана област, не само градот. Метрополитенската област на Скопје, со околните општини (Сопиште, Сарај, итн.), веројатно надминува 700-800 илјади жители, што дополнително ја оправдува идејата за метро.
Може да се користи автоматизиран систем без возачи, како во сѐ повеќе градови, и последно во Солун.
Подземните тунели се генерално многу побезбедни од површински згради.
Метро и тунели има во ултра сеизмичките градови во Јапонија, Турција и други и тоа не е никаков проблем.
Истражувањата покажуваат намалување на загадувањето за 15-25% во коридорите каде што има метро.
За целосна функционалност на метрото во Скопје со две линии, веројатно би биле потребни помеѓу 27 и 30 возови (вклучувајќи 20% резервни), што би се вклопиле во вкупната цена која ја споменав од 3-4 милијарди евра во 5 до 6 буџетски години (значајно заради буџетскиот дефицит), односно градба на метрото, и би имало нова линија на секој 5-7 минути.
На пример голем таков паркин во Сарај на почетната станица, и некаде кај Горно или Долно Лисиче каде многумина кои влегуваат во Скопје од страната Илинден, таму ќе паркираат и ќе користат метро за да си ги завршат обврските и потребите во Скопје.
Или доколку се отцени дека не треба тунел и нов дел зад него, тогаш до подножјето на ридот Водно.
Со обзир дека Скопје не се протега само на овие траси, паралелно ќе биде потребна и градба на трамвај во другите дијагонални правци на Скопје, и секако еден дел ќе остане покриен од автобуси и БТР, како и во секој модерен главен град во Европа: комбинација од сите јавни превози.
На ова би се надоврзал и проектот за градски воз, кој е одлична идеја, превоз кој го има во секој поголем главен град во Европа. Тој проект може да се надополнува во иднина со нови траси, и би бил многу значаен за поврзување особено на пригратските населби со центарот и како еден вид кружен тек, поврзување на аеродромот крај Скопје со центарот на градот, и што е најважно, нема да загадува.
Во подготвутелната фаза, кога размислувавме и за концесионер, се направија пресметки, а потоа дојдоа компании потенцијални инвеститори од разни земји, вршеа свои презентации пред владата во фазата на подготовка и истражување на владата.
Така, од тие нивни пресметки и презентации произлегуваше дека две третини од цената на билетот треба да се субвенционира за да има во тоа време прифатлива цена за граѓаните од 30 денари.
Погледнато од денес, мислам дека беше голема грешка што подлегнав под тоа нивно влијание и што прифатив да го одложиме тој проект на подолг период. Не затоа што не беа во право гледано само од економски аспект, туку затоа што некои јавни проекти, особено јавен транспорт кој влијае на намалување на загаденоста на воздухот во град кој секоја зима е во врвот на најзагадени во светот, со големи последици на здравјето на граѓаните, не може да се гледа само низ економска призма.
Трамвај или БТР со помош на централната власт, за почеток барем една линија долж градот, а потоа и втора унакрсно, заслужуваат според својата големина и честа загаденост на воздухот и уште неколку градови во Македонија како што се Битола, Куманово, Штип, Тетово, Велес, Охрид и други. И тоа би било фер кон тие граѓани за да има порамномерна распределба на јавните инвестиции.
Кога станува збор за здравјето на луѓето, одговорот на економските тези за исплатливост, треба да е здравствен и еколошки, а не економски.
Замената на старите автобуси со нови е неопходна бидејќи веќе се над 16 години стари.
ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ- СУБВЕНЦИИ, ПОЛНАЧИ, РЕГУЛАТИВА И ДРУГИ СТИМУЛАЦИИ
Неопходноста за субвенционирање на електрични автомобили е исто така голема и постои во речиси сите држави на ЕУ. Паралелно со создавање на регулатива за изградба на полначи на струја за овие автомобили низ земјата. Со цел Владата на Р.Македонија да ги поттикне и охрабри граѓаните потребно е да дава субвенции за купување на електрични возила, да обезбеди бесплатни паринзи и други бенефиции. Исто така потребно е да се монтираат брзи полначи за електричните возила. За ова поширок текст објавив на 22 август 2023 година. https://www.facebook.com/share/p/1BkgTf1Skp/?mibextid=wwXIfr
Потребно е да се врати мерката за зголемени акцизи за петрол кокс кој се користи од фабриките(главно тулани), а која меѓу првите мерки ја укина владата на Заев, кој и самиот има тука на во Струмица.
На крајот, по спроведување на сите овие проекти, за 7-8 години од сега, доколку сеуште има проблеми со загадувањето во строгиот центар и доколку има таква потреба, постои можност за мерка со која за влегување со кола во строгиот центар може да се направи одлука на градот Скопје за електронско плаќање такса за тоа, како што е во Лондон, Сингапур и други градови уште од многу одамна и со тоа да се стимулираат граѓаните непотребно да не одат во центарот со возило.
Но јас не верувам дека после спроведувањето на овие проекти, ќе има потреба од тоа, бидејќи превозот со метро ќе е толку брз и точен, што ќе биде бесмислено да се вози половина час и уште којзнае колку време да се бара паркинг, наместо да се стигне со метрото за 6-7 минути.
