Груевски со стара финта ги избегна новинарите
Екс-премиерот Никола груевски зборувајќи на мобилен ги избегнал новинарите денеска кога му побарале изјава за последните партиски превирања во ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ влезе во суд за случајот „Тинатник“, зборувајќи на мобилниот телефон и не ги искоментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ каде е почесен претседател.
Сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски освен пратениците кои гласаа за уставни измени, ги исклучи од партијата неговите поранешни блиски соработници: ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексминистерот за здравство, Никола Тодоров со образложение дека соработувале со пратениците кои гласаа.
Груевски не е исклучен, бидејќи за него немало сознанија за соработка на штета на партијата.
