Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со повик за протести

Груевски со повик за протести

Никола Груевски, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој веќе доби првостепена казна затвор од две години за случајот „Тенк“, ги повика граѓаните да му дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на анти-владиниот протест денеска во Скопје.

- Помина една година, а веќе ретко кој сеуште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир. Македонија ќе победи! - напиша Груевски на својот профил на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести