Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред затворот во Шутка

Груевски со поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред затворот во Шутка

Поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираа пред затворот во Шутка. Друштво им правеше лидерот на партијата Никола Груевски, а меѓу присутните според дел од медиумите бил и Христијан Мицковски.

Приврзаниците на опозицијата протестираат за поддршка за приведените во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април.

Протестантите бараат итно и безусловно ослободување на уапсените бидејќи како што велат немало никави основи за тероризам.

Груевски не се обрати на протестот, а ги избегна и одговорите на новинарските прашања, дали одлучил кога ќе ја потпише оставката . 

Слично

Поврзани вести