Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски со напади кон Заев - Ќе ги прифател сите услови на Бугарија и Грција

Груевски со напади кон Заев - Ќе ги прифател сите услови на Бугарија и Грција

„Нашите ривали од СДСМ планираат уште еднаш да ги излажат гласачите на локалните избори и потоа да ги прифатат сите услови кои им диктираат Грција и Бугарија.“

Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски во обраќањето пред Младинскиот сојуз на партијата (унијата на млади сили) во Охрид, соопштува официјалната страница на партијата.

За посетата на Заев во Софија Груевски вели: „Отидоа за еден ден во Софија и договорија нешто тајно, без да кажат на никого, но како што се гледа во Бугарија слават. Фактот дека кријат, зборува за нешто друго, а не за празници.“

Според поранешниот премиер „по посетата во Грција македонскиот министер за надворешни работи се вратил како изгорен, иако објаснуваат дека Груевски е пречка за решавање на спорот за името.“ 

Груевски смета дека заклучокот од посетата во Атина на грчки кажано е „ЕУ и НАТО - аврио“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Заев ќе се обиде да ги излаже и Албанците од коалицијата  ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците) бидејќи им ветува прифаќање на Законот за јазикот, а всушност има намера да испрати писмо до Венецијанската комисија, која ќе одговори дури по локалните избори.

Слично

Поврзани вести