ГРУЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ДО ГРАЃАНИТЕ: Заеднички силно и обединето да се справуваме со предизвиците
Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со куса честитка објавена на својата Фејсбук страница им ја честиташе Новата година на граѓаните.
„Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, хармонија и семејна радост. Година на среќа, бериќет и исполнување на вашите планови на личен и професионален план. Заеднички силно и обединето да се справуваме со предизвиците со кои се соочува нашата земја, кои не се едноставни, ниту мали, а кои го засегаат секој еден граѓанин. Македонија мора да победи. Да сте живи и здрави“- напиша Груевски.
Новогодишно обраќање претходно имаше и новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.
Слично
