Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски си тера по старо: Ќе биде ли приведен?

Груевски си тера по старо: Ќе биде ли приведен?

Поранешниот премиер Никола Груевски да биде приведен побара денеска обвинителката Фатиме Фетаи. Тој задоцни 20 минути на денешното судење во предметот „Насилство во Општина Центар“.

Обвинителката рече дека Груевски треба присилно да биде приведен затоа што бил уредно повикан. По тоа тој сепак пристигна и влезе на судењето. 

На барање на Фетаи судот одлучи да ја раздвои постапката во овој предмет и одделно да му се суди на обвинетиот Митко Пецев, кој денеска по втор пат на се појави на рочиште. Адвокатите го оправдаа неговото отсуство со потврда од доктор за скршеница на пршлен.

Фото: Фокус

Слично

Поврзани вести