Груевски се врати на кампањата и ја обвини СДСМ за тежок криминал
Никола Груевски по мала пауза се врати на обврските од изборната кампања за вториот круг на локалните избори за да му даде поддршка на кандидатот за градоначалник на Бутел Дарко Костовски при што на собирот во Љубанци ја обвини СДСМ дека со помош на криминалци и полицајци ги добила изборите.
- СДСМ не дава никакви проекти, немаат никаква програма, затоа зборуваат за воздух, ветер и магла. Видоа дека не можат да се мерат со нас и удрија на криминални измами. Во првиот круг видовме како СДСМ организира избори, страв и притисоци на сите страни. Во Македонија се спроведоа африкански избори. Скршен череп на градоначалник и кандидат за градоначалник, убиен носител на советничка листа, искршени канцеларии на наши штабови, следени кандидати за градоначалници, бугарски возови во секоја општина, недостаток на гласачки ливчиња. Најмногу видовме масовен поткуп со многу пари. Според информациите кои ги имаме истурени се 20 милиони евра црни пари во Македонија на овие избори. Од каде се тие пари, кој има интерес да даде толку пари за СДСМ да излезе победник иако се знаеше и беше јасно дека фаворитот е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата? Кој има интерес? Тие пари сигурно не ги дале СДСМ и Заев, ги дал некој друг, некој кој има државен интерес да му помогне на Заев за да го реализира неговото сценарио, неговото редефинирање на Македонија кое го најави, нагласи Груевски.Никола Груевски по тешкиот избор во првиот круг на изборите неколку дена не се појавуваше во јавност, а сега повторно е дел од митинзите на партијата во општини каде имаат преостанато свои кандидати. Тој истакна дека ја има најголемата одговорност за поразот, но следните чекори ќе се преземат откако ќе се направеле анлизите за резултатот.
Љубанци важи за место кое традиционално ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и затоа е одбрано за да се демонстрира доверба во партијата која во првиот круг изгуби во општина Бутел, а на против кандидатот од СДСМ Велимир Смилевски му фалеа стотина гласа уште на 15 септември да ја заврши работата.
Груевски засега причините за поразот ги бара во наводни злоупотреби на СДСМ за што засега нема никакви докази ниту пак забелешки на меѓународните набљудувачи, а исто така вели дека партијата погрешила со својата преобразба и затоа сега ќе се врателе на традиционалните корени.
Слично
