Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Се спроведе надворешна операција за смена на власта

Груевски: Се спроведе надворешна операција за смена на власта

Груевски во својот последен говор во Собранието како лидер на владејачка партија посочи дека од надвор била сменета неговата власт, а ги посочи сите успеси кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги постигнала досега.

- Очигледно бевме предмет на надворешни фактори со силно влијание за промена на власта. И покрај тоа добивме голема поддршка од народот и победивме на изборите, но се прекрши принципот на коалицирање победник со победник, токму од тие кои најмногу инсиситираат на тоа.

Главната причина е нашата политика на фер решение на спорот со името што на некој не му одговара и поради тоа не ја добивме заслужената покана за НАТО и влез во ЕУ. Без оглед што членството е наша стратешка цел, исто така стратешка цел е и фер решение за спорот со името, а не нешто што ќе не обезличи како нација. Тоа најверојатно се очекува од новото парламентарно мнозинство 

10 избори по ред народот даваше најголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а СДСМ трпеше порази. Треба да ги потсетам што тие ни оставија, а што ние им оставивме, ќе помине време и ќе може да се споредиме, потенцираше Груевски. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести