Груевски: Се сомневам дека новата влада не сака странски инвестиции
Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција на која изрази сомнежи дека новата влада воопшто нема интерес за привлекување на странски инвестиции и упати серија критики кон СДСМ како за кадровските решенија така и за политичките одлуки кои според него може да имаат лоши последици врз целата македонска економија.
Груевски посочи дека искусните кадри како Бил Павлески, Виктор Мизо и Владимир Пешевски кои дипломирале на странски престижни факултети и дошле од моќни компании се заменети со несоодветни министри како Рамиз Мерко и Самка Ибраимовски.

Опозицискиот предводник негодуваше и за барањето за објавување на договорите со странските инвеститори што може да ненесе голема штета по угледот на земјата и е против идејата да им се наложи да вршат набавки од домашни компании бидејќи така нема да бидеме доволно конкурентни.
Никола Груевски кој голем дел од премиерската кариера ја помина во промоција на странските инвестиции посочи дека пред ескалацијата на политичката криза и смената на власта во Македонија биле планирани 25.000 директни вработување од 15 странски компании кои сакале да вложат стотина милиони евра.
За тие планови да не пропаднат им порача на политичките ривали од власта посветено и сериозно да работат, а ВМРО-ДПМНЕ може да им помогне.
