Груевски се правда за Викиликс: Ако се согласев со Грците, песната ќе беше друга
По долго време необраќање и непојавување во јавноста, поранешниот премиер вели дека информациите се „јалови обиди на власта“ и „глупости“ .
„Ова се јалови обиди на власта, и веројатно ќе има уште многу вакви. Тие се сега во кампања и ќе се изнаслушаме разни глупости. Јасно е зошто сум во суд и зошто ми се случува овој класичен политички прогон и тортура. Ако се согласев со Грците друга ќе беше песната, ја сум човек со принципи и достонство“, кажа Груевски на прес-конференција во Собранието на Македонија
Имено, во информациите објавени од Викиликс се наведува дека македонските власти уште во 2008 година, кога тој ја предводеше владата, го прифатиле името „Република Северна Македонија“.
Слично
