ГРУЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРЕСУДАТА: Обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот-„Организатори на 27“
Со тапани и
свирчиња не се прави ни тероризам, ни нарушување на уставниот поредок
Денешната одлука на судот за предметот наречен “Организатори на 27.” е резултат на општата атмосфера во судството (и во државата). Атмосфера во која судство ги живее најтешките години на страв од казна од извршната власт, разрешување па дури и прогон на судиите доколку не пресудат согласно политички создадената атмосфера од власта. Дури и ако власта не вршела директен притисок на судот, кој верувам дека го вршела, доволно е само веќе поставената политичка атмосфера и клима во земјата за сите политички судења, а особено за ова, пишува денеска екс-премиерот Никола Груевски.
Во долгиот пост кој го објави на Фејсбук наведува и дека:
-Поинаку неможе да се разбере одлуката на судот да ги прогласи виновни обвинитетите за т.н. случај “Организатори на 27”. Па обвинетите веќе беа осудени и во самиот наслов на предметот: “организатори на 27.”. Насловот не остава простор за поинаква пресуда, бидејќи тој однапред кажува дека обвинетите се виновни, дека се организатори, а судот се очекува само да го потврди тоа. Замислете судот за овој предмет да донесеше ослободителна пресуда, каква што гледано според доказите и правдата требаше да се донесе. Да кажеше: “не можеме некој да прогласиме виновен на база на претпоставки, во отсуство на докази”.
Во продолжение целата објава...
