Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски се мисли да поднесе оставка

Груевски се мисли да поднесе оставка

Според засега неофицијални информации, Никола Груевски веќе подолго време размислува да објави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Нашите извори јавуваат дека Груевски веќе ја донел оваа своја одлука и единствено се премислува околу терминот за објавата, пренесува Цивил Медиа. 

По катастрофалниот пораз на локалните избори, Груевски се наоѓа под силен притисок дури и од дел од своите најблиски соработници, да понесе одговорност за поразот и да поднесе оставка. Иницијативата за внатрешни реформи (Реформаторите) веќе со месеци повикуваат на внатрешна демократизација на партијата и негова оставка од функцијата. Реформаторите добиваат масовна поддршка од членството на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега како негови наследници се споменуваа Христијан Мицковски кој е актуелен генерален секретар на партијата, потоа Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, екс министерот за здравство Никола Тодоров и екс министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Слично

Поврзани вести