Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Разбирам дека фактурата на СДСМ е голема, но нема да ја плаќа народот и државата

Груевски: Разбирам дека фактурата на СДСМ е голема, но нема да ја плаќа народот и државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави денеска дека народот и неговата партија нема да дозволат долговите на лидерот на СДСМ,  Зоран Заев да ги плаќаат граѓаните и државата. 

Тврди дека како партија во изминатиот период покажале дека сакаат да се најде решение со дијалог и со разбирање меѓу политичките партии.

„Разбирам дека кај нив фактурата е голема дека ги притиска истата дека киријата е скапа. Но, неприфатливо е ниту за ВМРО-ДПМНЕ, ниту за народот таа кирија и таа фактура да ја плаќа народот и да биде завршена на грбот на народот и на државата. Токму затоа народот во толку голем број и толку долго време, како никогаш досега секојдневно се спротивставува и пружа отпор. СДСМ треба да знае дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат таа фактура да ја плаќа народот“- изјави Груевски.

Груевски вели дека поради тоа секој ден по улиците излегуваат илјадници граѓани и ја повтори  понудата до СДСМ да прифати коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да не мора да ја спроведува платформата од Тирана.

Слично

Поврзани вести