Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ПРВ ПАТ СПОМНАТ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА „27 АПРИЛ“: Колку години затвор ќе добијат обвинетите?

ГРУЕВСКИ ПРВ ПАТ СПОМНАТ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА „27 АПРИЛ“: Колку години затвор ќе добијат обвинетите?

Екс премиерот Никола Груевски на судењето за упад во парламентот во Македонија прв пат е спомнат како организатор на насилниот инцидент.

Дека Груевски бил организатор на упадот во парламентот кажа обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, повикувајќи се на сведочењето на заштитен сведок С1 кое беше затворено за јавноста.

-Очекувам дека во најкраток рок ќе биде донесена наредба за истрага за организаторите на упадот во парламентот на 27 април-рече обвинителката .

Во завршните зборови на судењето на учесниците на упадот во Законодавниот дом кои се обвинети за загрозување на уставниот поредок Рускоска побара сите 17 обвинети кои не се опфатени со амнестијата, да бидат осудени.

За тоа дело им се заканува казна од најмалку 10 години, а кон крајот на минатата година половина од 34 обвинети се амнестирани во рамки на „процесот на помирување“ кој во парламентот го иницираше премиерот Заев.

На следното рочиште, кое е закажано за 4 февруари, завршен збор ќе дадат обвинетите и нивните адвокати.

Слично

Поврзани вести