Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски провери до каде е автопатот Демир Капија – Смоквица

Груевски провери до каде е автопатот Демир Капија – Смоквица
Една третина од активностите за изградба на новиот автопат Демир Капија-Смоквица, во должина од 28 километри, веќе се завршени. Во проектот досега се инвестирани 46 милиони евра од планираните 210 милиони евра. Премиерот Никола Груевски денеска лично отиде да провери до каде се градежните активности за новиот автопат во делот помеѓу Демир Капија и Гевгелија. Оцени дека активностите се одвиваат според утврдената динамика и оти согласно тоа изградбата на новата автопатска делница на Коридорот 10 ќе заврши за две години. „Досега се пробиени 95 проценти од трасата, значаен дел е веќе тампониран, а мал дел веќе и се асфалтира. Почнува работењето и на мостовите, со што околу една третина од работите се веќе извршени“, изјави Груевски, според кого автопатот се гради согласно зацртаната динамика. Градежните работи на автопатот ги изведува грчката компанија „Актор“. Груевски денеска го посети и населеното место Ѓавато, Општина Богданци, каде од денеска функционираат нова водоводна мрежа и систем за фекална канализација, заедничка инвестиција од 15 милиони денари на Владата и општината. Фото: МИА
Слично

Поврзани вести