Груевски прогласен за почесен претседател, тој зачуден од предавството на најблиските
Ниту последниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМЕ не помина без говор за прогласување на предавници кои ги изневериле принципите на партијата и создале лоша атмосфера. Тоа го посочи и Никола Гревски кој доби титула почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ иако ова не можеа да го посведочат луѓето кои во периодот кога тој беше на власт беа министри и пратеници.
Прогласувањето за почесен претседател на Груевски се должи, според партијата, на фактот што тој донесе десет последователни изборни победи за ВМРО-ДМПНЕ, како и на значајниот напредок кој партијата го забележа во однос на бројот на членството и финансиската моќ.
На Груевски му беше доделена и плакета за благодарност за неговата работа во партијата, но меѓу присутите не беа Илија Димовски, Антонио Милошоски, Владо Пешевски и други поранешни високи функционери на партијата.
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ по паузато продолжи со заседавање по што фокусот ќе биде ставен на изборот на новиот претседател со единствениот прифатен кандидат Христијан Мицкоски.