Груевски призна дека го боли што со оние кои делел добро и зло му свртеле грб
„Тешко ми паѓа кога ќе видам дека мои блиски соработници во ситуација кога, како и сите ние се наоѓаат под притисок.
Јас се вложив во партијата, го запоставив дури и семејството и моите деца и се изложив на многу стресови и клевети, омаложувања и навреди но останав смирен при најтешките удари, а ова е еден таков период“, посочи Груевски на денешниот конгрес на ВМРО ДПМНЕ од Валандово.
Тој се потсети на 2003-та кога стана претседател во опозиција:
„Најголем дел од блиските соработници оддеднаш се налутија, се раскараа и ја доведоа во незавидна ситуација партијата, па бев принуден излегувајки од таа битка како победник, да формирам нов тим со целосно неискусни но стабилни, храбри и одлучни луѓе за да дојдеме до успехот и победата“ изјави Груевски.
Тој потенцираше дека со денешниот конгрес на партијата,ВМРО-ДПМНЕ го започнува новиот поход кон победата, кон новата победа и враќањето на власт
„Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го имаше цели 11 години, во кои успешно и со огромен напредок ја движеше Македонија, со бројни успеси резултати. Тоа е она што народот повторно ни го даде на последните парламентарни избори со победата над СДСМ пред една година, но за жал месец и половина подоцна ни беше неправично одземено, и беше погазена вољата на народот“, истакна лидерот во заминување.
