Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Прислушувани се над 100 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

Груевски: Прислушувани се над 100 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Алфа ТВ вели дека над 100 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се прислушувани, со цел да се урниса партијата. 

Груевски вели дека ги следат домашни структури и дека се пропагира дека не е добро да се сака татковината. За напаѓачот на Радмила Шеќеринска смета дека е осуден со висока казна, а за сметка на тоа многу криминалци се пуштени на слобода. 

„Овде нема правда, тогаш зошто да одговараат луѓето од 27 април? Иако згрешија затоа што така влегоа, сепак беа понесени од емоции. За кубење на коса да се осудува на 4 години“ - вели Груевски. 

Вели дека премиерот Зоран Заев е тргнат со намера да ослободи убијци на деца, говорејќи за Смилковско езеро. Според Груевски, тоа било наведено и во Тиранската платформа. 

Слично

Поврзани вести