Груевски при бегството од Македонија воопшто не поминал на граничен премин?
Поранешниот премиер Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на кој било граничен премин, вели во интервјуто за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам, изјави тој.
„Обвинителството презема повеќе дејствија за обезбедување докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер“ – истакнува Јовески.
Обвинителството, како што додава, ја анализира содржината на прибавените докази, а истовремено очекува да се добијат и доказите од Албанија.
