Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски преку Фејсбук го брани Чавков

Груевски преку Фејсбук го брани Чавков

Екс премиерот во бегство Никола Груевски преку Фејсбук статус застанува во одбрана на екс директорот на БЈБ Митко Чавков . 

Чавков синоќа заврши зад решетки, а Груевски и овој пат пишува дека и ова апсење е лична одмазда на премиерот Заев поради предметот „Поткуп“.

Според ОЈО Чавков беше уапсен бидејќи планирал бегство.

„Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп" каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од МВР со видео снимка се документираше и предаде на судот очигледен доказ кој потоа стигна и до македонската јавност која виде како градоначалникот Зоран Заев бара поткуп и објаснува како тоа е нормална работа во неговата општина“ - пишува Груевски на Фејсбук. 

Тој дополнува:

„Можам само да замислам под каква тортура и притисок во овие неколку години е и лицето бизнисмен кој го пријавил барањето мито во МВР.

И покрај легално стекнатите докази (видео снимка направена по налог на обвинител), судиите кои го водеа предметот Поткуп од кој едниот судија беше Добрила Кацарска го прогласија Заев за невин. Истите судии во случајот Тенк каде имаа нелегално стекнати докази (аудио материјали), кои беа копии не споредени со оргиналот, одбија нивно вештачење за нивната автентичност и целовитост и свесно го игнорираа Законот за приватност, без никакви докази, во постапка за која државната комисија за спречување дискриминација објави мислење дека судиите и судот воделе постапка во која ми била извршена директна дискриминација, на база на претпоставки и асоцијации мене и другите во предметот Тенк не прогласија виновни.

Истите судии во истиот период“, стои во статусот на бегалецот кој доби политички азил во Будимпешта.


Слично

Поврзани вести