Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски пред Апелација ќе треба да објасни зошто треба да му се врати пасошот

Груевски пред Апелација ќе треба да објасни зошто треба да му се врати пасошот

Лидерот на опозицијата Никола Груевски денес пред Апелациониот суд ќе треба да образложи зошто треба да му биде вратен пасошот.

Во 14 часот Груевски треба да се појави во Апелација на јавната седница на која со одбраната заедно ќе аргументира . 

Пасошот му беше одземен на 3 јули по барање на СЈО како превентивна мерка за предметот „Титаник“.

Пред повеќе од еден месец, Груевски поднесе барање до скопска Единица да му биде вратен пасошот бидејќи еднаш веќе била воспоставена таква пракса, со неговиот политички противник Зоран Заев,  во случајот „Пуч“, кога пасошот му бил вратен на негово барање, под аргументи дека како лидер на опозиција мора да излегува од земјава поради службени патувања.

Слично

Поврзани вести