Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски прави партиско освежување со старо нови членови на ИК

Груевски прави партиско освежување со старо нови членови на ИК

И официјално првиот опозиционер останува на чело на Извршниот комитет по синоќешниот избор на старо нови членови.

„Освежувањето“ во ВМРО ДПМНЕ сепак не ги задоволи очекувањата на многумина ако судиме по бројните коментари на симпатизерите на партијата која владееше 10 години.

„Ништо. Ќе треба коренити промени а не освежување.Едни статисти се променети со други. Главните улоги си ги имаат истите како и досега“... - се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Освежувањето во ВМРО ДПМНЕ го најави пред неколку дена поранешниот технички премиер Емил Димитриев кој во интервју за Макфакс посочи дека во партијата е потребно освежување со образложение дека министрите кои десет години се во партијата треба да одморат. Токму Димитриев не се најде во новиот Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Вчера пак и екс директорот на УБК најави дека се повлекува од сите партиски фунцкии во партијата и дека политичката активност ја става во мирување.

На листата на новиот ИК на ВМРО ДПМНЕ нема најголем дел од лицата опфатени во истрагите на СЈО, но останаа Илија Димовски, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова.

ПРОМЕНИ ВО ВМРО ДПМНЕ: Извршниот одбор е демолиран, но дали реформите се во вистинска насока?!

Кој си заминува од врвот на ВМРО ДПМНЕ?

Слично

Поврзани вести