Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ПОВТОРНО СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: Тоа не е одлука на паметни влади и политички гарнитури

ГРУЕВСКИ ПОВТОРНО СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: Тоа не е одлука на паметни влади и политички гарнитури

Поранешниот премиер и азилант, Никола Груевски, зачести со своите Фејсбук статуси. 

Деновиве тој повторно се огласи со свои вивдувања на состојбите, но и со свое долгоо потесетување како било порано. 

Акцентот во сегашното излагање на Груевски е ставен на амбасадорите, потребата од присуство на амбасадори во поголем број од државите во светот.

- Приказната дека големите бизниси се само за бизнисмени од големите земји има многу исклучоци и е лузерска за тој што така се предава и си наоѓа алиби за неактивноста.

Во моментот Македонија има 49 амбасади од кои 7 се во меѓународни организации а само 42 во држави. Во дел од земјите каде има амбасада има и конзулат, главно таму каде има најмногу дијаспора.

Дел од овие амбасадори покриваат и други држави но тоа е многу слабо присуство заради големите ангажмани кои ги има амбасадорот во која е резидент и често е “покриена земја” со амбасадор само на хартија.

Во времето кога бев претседател на владата отворивме нови амбасади во Јапонија, Индија, Бразил, Норвешка, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Естонија, Косово, и Катар за кој имаше одлука од пред тоа но небеше реализирана. Значи од 32 бројот бројот на амбасади на Република Македонија порасна на 42 билатерални амбасади(плус оние 7 мултилатерални организации како ООН, ОБСЕ и др.), што е речиси 32%, или околу една третина зголемување на бројот на амбасади во нови држави, и плус отворивме и некои конзулати, како оној во Детроит на пример кој нашите претходници го беа затвориле - напиша тој на Фејсбук.

Дополнува дека некои паметни држави имаат назначено т.н. нерезидентни амбасадори од редовите на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР).

- На пример Израел нема амбасада во Македонија како мала земја, и Македонија не ја покрива нивниот амбасадор во Белград или Атина, туку имаат амбасадор кариерен дипломат во МНР на Израел кој живее и работи во Израел, а 2-3 пати во годината доаѓа по одреден број денови во Макеоднија и ги прави сите претходно договорени средби со државниот врв, со колеги амбасадори на други земји, со бизнис заедницата, и со сите за кои смета дека има потреба да се среќава и да разговара. Така Израел одржува релативно тесни врски со Македонија а не плаќа кирии за објект на амбасадата, станови и куќи за вработените, плати за вработените, возила, режиски трошоци и се друго што оди со држење на една активна амбасада - пишува Груевски и додава дека ваков концепт треба да се предвиде во Законот.

Според него, трошоците за таков амбасадор би биле неспоредливо помали одколку амбасада со вработени и се што оди со неа.

- За почеток Македонија би можела да започне со 15-16 вакви нерезидентни амбасадори кои би покриле околу 60 земји, а потоа таа бројка постепено би можела да биде удвоена.

Оваа иницијатива запре со доаѓањето на новата власт, како и секоја друга добра идеја, започната активност и најголем дел од проектите а подобри не се понудија.

Тоа не е одлука на паметни влади и политички гарнитури - заклучува Гуревски во својот пост на Фејсбук. 

Доколку некој има слободно време, во продолжение и целосното излгање на избеганиот поранешен премиер:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести