Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски потврди дека ќе има големи кадровски промени по незадоволството кај членството

Груевски потврди дека ќе има големи кадровски промени по незадоволството кај членството

Никола Груевски, ги потврди најавите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, особено кај постарите членови и ветераните, дека ќе дојде до голема промена на кадри на позициите во институциите и органите на управата.

- Да, пла­ни­рам. И тоа нај­мно­гу во т.н. трет еша­лон. Одеј­ќи во кам­па­ња­та од мес­то до мес­то, уви­дов де­ка во мно­гу мес­та има оп­рав­дан ре­волт од т.н. трет еша­лон. Не­кои од нив се и пре­дол­го на ис­та по­зи­ци­ја и поч­на­ле да се ру­ти­ни­зи­ра­ат и да се од­не­су­ва­ат прем­но­гу би­рок­рат­ски. Ги за­гу­би­ле жа­рот и енер­ги­ја­та. Има так­ви и во пр­ви­от и во вто­ри­от еша­лон. Има и лу­ѓе кај кој е вид­лив за­мо­рот. Има и так­ви што ги за­гу­би­ле енер­ги­ја­та и ви­со­ка­та мо­ти­ви­ра­ност што ја имаа. Поч­на­ле прем­но­гу ад­ми­нис­тра­тив­но да од­го­ва­ра­ат, без да се пот­ру­дат да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, ту­ку са­мо им да­ва­ат би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни од­го­во­ри. Ед­нос­тав­но не ,,гри­за­ат“ ка­ко не­ко­гаш ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­те­ње, за по­ма­га­ње, за кре­а­тив­ност во се­кој­днев­на­та ра­бо­та, во бор­ба­та се­кој ден, од­нос­но и од­но­во да се до­ка­жу­ваш. Има­ат ка­па­ци­тет, има­ат зна­е­ње, има­ат ис­ку­ство, и с` е тоа во ред. Но не­ма­ат жар, го не­ма­ат ела­нот од по­ра­но, не се мак­си­мал­но мо­ти­ви­ра­ни, опуш­те­ни се. Зна­е­те се­кој што не се бо­ри за ус­пех на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја во­ди, со ист елан, енер­ги­ја, мо­тив, жар ка­ко да се бо­ри за сво­ја при­ват­на фир­ма од ко­ја му за­ви­си лич­ни­от оп­ста­нок, зна­чи де­ка го дос­тиг­нал зе­ни­тот и тре­ба да се за­ме­ни со не­кој друг, кој мо­же­би во по­че­то­кот ќе е по­мал­ку ис­ку­сен или ќе има неш­то по­мал­ку зна­е­ње, осо­бе­но она што се до­би­ва од ис­кус­тво­то, од ра­бо­те­ње­то, но ќе има жар, мо­ти­ви­ра­ност, сил­на ам­би­ци­ја, ќе соз­да­ва­ат воз­буд­ли­ва ат­мос­фе­ра во ин­сти­ту­ци­и­те со кои ра­ко­во­дат, ќе ги мо­ти­ви­ра­ат и дру­ги­те во таа ин­сти­ту­ци­ја, ќе ги раз­дви­жат ра­бо­ти­те, ќе вне­сат све­жи­на, чув­ство за се­кој­днев­но се­бе до­ка­жу­ва­ње и нап­ре­док, ин­ди­ви­дуи и тим кои пос­то­јат за да соз­да­дат го­ле­ми неш­та и кој по­бе­ду­ва. На се­кое мик­ро­ни­во на ра­ко­во­де­ње. Вак­ви про­ме­ни ќе има мно­гу, по­мал дел во пр­ва­та, по­го­лем дел во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на. Ова пот­ре­ба во нај­го­лем дел про­из­ле­зе од оде­ње­то на те­рен оваа го­ди­на и раз­го­вор со мно­гу лу­ѓе, ком­па­нии или са­ми­те ра­ко­во­ди­те­ли на раз­лич­ни ни­воа. И мои и на мо­и­те со­ра­бот­ни­ци те­рен­ски по­се­ти. Има и так­ви што тре­ба да се сме­нат по­ра­ди соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки, греш­ки и про­пус­ти во ра­бо­та­та, и во­ед­но да се да­де шан­са и на дру­ги од кои ќе се оче­ку­ва уш­те по­го­лем учи­нок и ус­пех. Ова ќе би­де кон­ти­ну­и­ран про­цес, но го­ди­на­ва ќе има еден по­си­лен бран ос­ве­жу­ва­ња, посочи Груевски во последната изјава.

Претходно во интервју за Фактор, Маноил Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека дел од членството е незадоволно од одредени функционери кои не биле доволно посветени на службата, дека изгубиле контакт со граѓаните и со самата партија, а некои од нив воопшто и не ги заслужиле позициите. Тој смета дека токму тоа беше една од причините поради која ВМРО-ДПМНЕ не ги освои посакуваните гласови, покрај тоа што опозицијата водеше кампања со албанските гласови.


Слично

Поврзани вести