Груевски после недела дена дојде во Собрание
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ после недела дена се појави во собранието каде што е во тек конститутивната седница.
Никола Груевски седи во првите пратенички клупи до неговиот сопартиец Илија Димовски.
6-тото продолжение продолжува со реплики и контрареплики меѓу пратениците на двете ривалски партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
И денеска приоритет се меѓусебните обвинувања, а во расправата доминираа излагања поврзани со таканаречената тиранска платформа.
Слично
