Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази

Груевски: Поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка, Никола Груевски на Фејсбук напиша дека за Конгрес гласале сите и одлуката била едногласна. Порачува нема процедурални ниту статутарни услови за колективно претседавање и тврди дека тој целиот перид стоел настрана. 

„Напоменувам дека некои од поплаките на потенцијалните кандидати не беа поткрепени со докази и не се потврдија при проверките во нивно присуство. Тоа не значи дека тие сакале да ме излажат, но, може да значи дека добиле неточни, невистинити или непроверени информации од теренот. Има и такви случаи каде што лицето кое информирало за некое несоодветно однесување на некој од кандидатите или неговите поддржувачи едно им вели ним на оние кај кои информирало, друго или спротивно на други кои го проверуваат истото. Во некои од случаите при образложувањето на забелешките не се откриваа имиња со цел да се заштитат лицата кои за нешто ги информирале, што е легитимно, но тоа попречува било каква проверка и утврдување на фактите во ситуација кога конкурентот го негира истото. Ова значи дека забелешката може да е точна, а може и да не е точна, но нема начин да се утврди вистината“- пишува Груевски. 

Тој потенцира дека дел од неговите соработници поддржувале кандидатура на кандидат кој се откажал. Груевски потенцира дека ЦК треба да ја донесе конечната одлука, за измена на одлука која што вели веќе е изгласана. 

„Доколку е точно дека некои од претендентите за претседател и нивните поддржувачи се однесувале дрско, арогантно, заканувачки, уценувачки, иритирачки, надмено или било како несоодветно, се соглссувсм дека тоа е за осуда и дека многу говори за личноста која претендира за претседателска функција. И најавува дека така може и да продолжи ако стане претседател. Но, тоа сегашно однесување доколку било навистина такво е одлично за противкандидатот или противкандидатите на денот на гласањето. Секој нормален делегат и да дал и да недал потпис за поддршка на личност со такво однесување, при тајното гласање на Конгресот има можност да го казни кандидатот кој така пристапил: нема да гласа за негова поддршка,“ - напиша Груевски.

Функционери oд ВМРО-ДПМНЕ преку отворено писмо тврдеа дека има нетранспарентност во процесот за изборот на нов лидер на партијата. 

Тие побараа конгресот да се одложи за февруари, а дотогаш со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена. Предлагаат и да се зголеми бројот на делагати на 5.000 луѓе.

Конгресот на партијата ќе се одржи во петок и сабота во Валандово. 

И Филип Петровски кој е претендент за лидерската позиција рече дека конгресот не смее да биде циркус. Тој рече дека имало притисоци. 

Слично

Поврзани вести