Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски по втор пат го нападна Џафери?

Груевски по втор пат го нападна Џафери?

Пратеникот Никола Груевски денеска по втор пат го нападна собранискиот претседател Талат Џафери. Во моментот кога спикерот го стави Законот за јазици на гласање, со гласно скандирање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го спречат тоа, а пак експремиерот Никола Груевски повторно се качи на собранискиот пулт кај претседателот Џафери за да го спречи гласањето по цена и на физичка пресметка.

Груевски успеа да му ја одзеде картичката за гласање на Џафери, по што пратениците кои гласаа по бадентер мораа да кренат рака за да се избројат гласовите. Собраниското обезбедување веднаш истрча за да го заштити Џафери, по што Груевски му рече на Џафери да го повлече кажаното и дека законот е изгласан.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека незаконски се носи законот и дека ова е силување на државата. 

Се очекуваат реакции од партиите и прес - конференции. 

Слично

Поврзани вести