Груевски: Платформата е опасна-ќе не врати назад во 2001 година!
Екс премиерот Никола Груевски деновиве зачести со низа интервјуа за балканските медиуми.
Откако за српски Телеграф лидерот на ВМРО ДПМНЕ прати порака дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече, следи интервју за бугарската телевизија БТВ.
Груевски за таа телевизија вели дека ако СДСМ направи влада со албанските партии, тоа ќе е крај за Македонија.
Тој вели дека платформата ќе ја врати Македонија назад во 2001 година, а истата таа платформа која владеачката гарнитура ја окарактеризира како Тиранска платформа, според Груевски е опасна и ќе ја отвори Пандорината кутија.
„Во Македонија живеат повеќе етнички заедници и секој може да побара нешто ново, вклучително и Македонците, но тоа репреговарање е опасна работа и може да не врати во 2001 година, изјавил Груевски.
Новинарот од оваа телевизија го вратил Груевски назад пред две години кога СДСМ објави прислушувани разговори, но и овој пат, екс премиерот тврди дека тие се лепени, сечени и монтирани снимки.
