Груевски отиде лично да се увери – до каде е реконструкцијата на велешкиот мост „Гемиџии“?
Премиерот Никола Груевски во Велес денеска изврши увид на текот на градежните работи за реконструкција на мостот „Гемиџии“, кој започна да се санира во февруари.
Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 и 1960 година и ова е прва негова посериозна санација. Инвестицијата е во вредност од речиси 32 милиони денари.
Мостот „Гемиџии“ е едно од обележјата на Велес - долг е 172 метри, а широк 11,3 метри, додека ширината на коловозот кој поминува по него е 7 метри. Имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловозите и тротоарите.
Реконструкцијата на мостот ќе се одвива во фази и предвидено е да трае една година.
Во рамките на посетата на Велес, Груевски денеска го пушта во употреба модернизираниот градски стадион, на кој ќе има услови да се играат и меѓународни натпревари.
Тревата на стадионот е заменета со вештачка, а се обновуваат и трибините.
Во Велес официјално ќе биде пуште во употреба и новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, како и овоизградениот парк „Васил Главинов“.
Слично
