Груевски одново на суд за нарачаните но, неудрени шамари
Екс премиерот Никола Груевски одново ќе се соочи со Кривичниот суд за предметот за насилствата во општина Центар кој го води СЈО откако беше променет судијата.
Денеска отпочеток ќе му се суди на Груевски заедно со уште на 11 лица за кои се вера дека ги иницирале и организирале насилните протести пред општина Центар при што беше нанесена материјална штета, а еден полицаец полесно беше повреден. На обвинителна клупа се и екс министерот за транспорт Јанакиевски и поранешната светничка од општина Центар Рангелова.
Според новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев, предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1. Јосифов го доби предметот од Татјана Михајлова, а со распоредот на Џолев, таа од овој месец суди прекршоци во бараките во Градскиот парк во Скопје.
Досега за предметот Насилство во општина Центар две лица ја признаа вината и им беше досудена условна казна затовр, а против Димче Крстев ќе се води издвоена постапка од главниот предмет.
СЈО го води овој случај базирана на една од најпопуларните „бомби“ во која Груевски му вели на Јанакиевски некој од демонстрантите да влезе во општината и на тогашниот градоначалник да му врзе јаки два три шамари. Протестите избија откако општината требаше да решава за урбанистички планови и се прошири информација дека Жерновски сакал да ја руши црквата која започна да се гради на улица Македонија во центарот на Скопје.
