Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРУЕВСКИ ОД УНГАРИЈА СО ДУХОВНИ ПОРАКИ ЗА БОЖИК - реакциите за неговото бегство не стивнуваат

ГРУЕВСКИ ОД УНГАРИЈА СО ДУХОВНИ ПОРАКИ ЗА БОЖИК - реакциите за неговото бегство не стивнуваат

На македонските граѓани најголемиот христијански празник Божик им го честиташе и поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски.
Тој се огласи синоќа во доцните часови.
„Денес е Божиќ - раѓањето на Исус Христос, синот Божји. Денот кога Пресвета Дева Марија го донесе на овој свет во ноќта кога блесна ѕвездата на небото, над пештерата во која имаше овчарска штала во Витлеем, место на кое денес има црква во денешна Палестина (Западен Брег) кое со задоволство го посетив пред 6-7 години при еден приватен престој во Израел и кое никогаш нема да го заборавам.

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род“, пишува меѓу другото Груевски.

Порачува и дека овој празник треба да нѐ потсети на тоа негово однесување, на тие негови пораки, на скромноста, на служењето на другите, на правењето добрини и помагањата на другите, на одбивањето да се чувствува и однесува горделиво и надмено или да се поставува супериорно над другите.

„Да го носиме Христос во нас секој ден и во секој миг колку што можеме повеќе, а не само на празниците. Да го носиме во себе, во нашите мисли и срца но и во нашето секојдневно однесување и постапки кога носиме одлуки и судиме за себе и за другите, кога зборуваме за другите, кога се среќаваме со другите, кога на другите им треба помош, кога треба да споделиме љубов или нешто материјално, но и да разговараме со другите без да покажуваме супериорност во некој дел дури и ако природно ја имаме, напротив смиреност и понизност без горделивост дури и ако имаме причина за тоа.

Само така нашиот живот и светот околу нас ќе го направиме подобар и посреќен за сите. Честит Божиќ! Христос се роди!“, порача Груевски на фејсбук.

Ова говори дека поранешниот премиер кој е во земјава е осуден на правосилна казна затвор, продолжува да праќа пораки, но воопшто нема намера дека треба да ја одлежи казната.

Реакции за тоа кон сегашната владејачка гарнитура има и од доскорешни нивни сопартијци.

За Груевски реагираше и поранешната потпретседателка на партијата и на Собранието, професорката Фросина Ременски. 

Таа преку свој пост на фејсбук порача дека власта не може да вели дека се бори против Грујо, а не ја интересира како тој избега од казната.

„Не може да се бориш против Грујо, а да не те интересира како избега од казната и да се правиш незаинтересиран да ги прашаш оние ранолебци во обвинителство "до кај се со таа f..... истрага и кого тоа прават будали. Ејјј години се маршираше по улици против владеењето и против големиот криминалец Грујо, за да биде толку лесно да се голтне и прифати паролата "ќе го вратиме дома да си ја одлежи казната", напиша Ременски на фејсбук.

Слично

Поврзани вести