Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски од Унгарија се јавил на адвокатот

Груевски од Унгарија се јавил на адвокатот

Еден од адвокатите на Никола Груевски, вечерва за Топ тема на ваша страна на Телма, Еленко Миланов, изјави дека Груевски го исконтактирал и му кажал на кој телефонски број може да го контактирам.

Тој тоа го пријавил во судот, и вели дека нема ништо тајно и дека МВР знае за се што постои во неговиот телефон, и дека е убеден дека МВР знае за бројот на Никола Груевски.

Во доцните вечерни часови на 13 ноември, истиот ден кога Груевски се огласи на својот фејсбук профил дека е во Будимпешта и дека ќе бара политички азил, контактирал телефонски со Миланов, а потоа следела и комуникација преку СМС пораки, околу правни прашања.

Повикот бил по објавата на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести