Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски од Унгарија го повика ОЈО јавно да ги објави доказите со кои го гони за крававиот четврток

Груевски од Унгарија го повика ОЈО јавно да ги објави доказите со кои го гони за крававиот четврток

„Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници. Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена“ - пишува на социјалната мрежа Фејсбук екс премиерот во бегство Никола Груевски откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека повело постапка против петмина осомничени за случувањата во Собранието на 27 април , меѓу кои е и тој.

„Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува. Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости. Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.

Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени“, додава Груевски.


Меѓудругото во долгиот статус Груевски го повикува ОЈО јавно да ги објават јавно доказите против него.
Слично

Поврзани вести